На каков терен одржува форма новиот играч на Барса

Јери Мина во моментов е фудбалер на бразилскиот Палмеирас којшто настапува во тамошната Серија А. Бразилците играат по системот пролет-есен па сега таму е меѓусезона.

И покрај тоа што е пауза и празнични денови, Јери Мина продолжува со напорни индивидуални тренинзи за да биде спремен кога ќе ѝ се приклучи на Барселона. Колумбискиот стопер требал да стигне на „Камп Ноу“ следното лето, но Каталонците се решиле да го донесат во јануари кога Хавиер Маскерано ќе замине да игра во Кина за 20-ина милиони евра годишно а и поради тоа што Самуел Умтити е повреден и ќе отсуствува два месеци.

Но, да се вратиме ние на Јери Мина, Колумбиецот кој има 23 години, висок е 195 см и тренира на страшен терен.