Мурињо на холандски новинар му подари привезок со трофејот од Конференциска лига

Не можеш да излезеш на крај со Жозе. Новинарот кој влезе во дискусија со него после поразот на Рома на првиот четвртфинален дуел од ЛЕ беше и синоќа на реваншот. Мурињо ги искористи своите 5 минути и направи претстава на пресот. Плус го пецна и Касано.

Мурињо го начека новинарот кој по поразот на првиот дуел му рече дека фудбалерите на Рома не ги искористиле своите шанси, на што Португалецот му одговори дека тоа е само прво полувреме.

Разговорот меѓу двајцата заврши со заклучок на новинарот дека за седум дена ќе се видат во Рим. Рома победи 4:1 во продолженијата после предност од 2:1 во регуларните 90 минути.

На пресот го виде Холанѓанецот и му го даде привезокот со трофејот кој Рома го освои токму против Феенорд во ланското финале од Конференциската лига.

„Никогаш преку Мурињо нема да освоите европски трофеј и затоа имам подарок за тебе, еве ти привезок“, му рече Мурињо на новинарот

„Ќе му го дадам привезокот на нашиот тренер“, одговори новинарот, а Португалецот му врати:

„Овој подарок ви е за да не плачете следните десет месеци. Ќе ја освоите титулата во Холандија, играте доста добро и не треба да плачете“.

Разговорот меѓу двајцата после првиот дуел во Ротердам.

После мечот Мурињо го вклучија во студио. Водителот му рече дека познати играчи сакаат да му постават прашање, а тој праша: Касано таму е?

Радоста на Мурињо за пласманот на Рома во полуфиналето од Лига Европа каде на 11 мај се среќава со Баер Леверкузен.

Жестока преписка меѓу Касано и Мурињо 

21 април 2023 - 12:05