Милион евра плата за малиот

Иако уште една година не смее да потпишува договори, агентите на Донарума и раководството Милан имале средба за да ја осигураат иднината на малолетниот голман кој стана првотимец на Сан Сиро.

Според пишувањата на италијанските медиуми Адријано Галијани се сретнал со Мино Раиола и братучед му Енцо кои го застапуваат Џанлуиџи Донарума, а темата била детето кое веќе им стана миленик на навивачите на Милан.

Младиот голман заработува 250.000 евра годишно, а лани потпиша договор со Милан до 2018 година. Со оглед на тоа што е малолетен тој не смее да потпишува договори подолги од три години.

Тоа правило нема да важи во февруари идната година и неговите агенти и Галијани уште од сега разговарале да ја продолжат соработката. Раиола за продолжување на договорот барал зголемување на платата на еден милион евра годишно, што за Галијани веројатно ќе биде прифатливо со оглед на неговиот талент.

На средбата меѓу Милан и Џенова одиграна на 14 февруари, Барселона испрати скаут за да го следи настапот на Донарума кој големи се шансите дека ќе добие многу понуди во летниот трансфер период.

На негови години тој има повеќе настапи за Милан од Малдини и Барези кога имале по 17 години, а размена на дресови му побара еден од најдобрите голмани во светот.

3 март 2016 - 12:43