Менувај насловната, ја утнавме со Андерсон

По 11 години минати на европска сцена, Фелипе Андресон одлучи да се врати во родниот Бразил каде ќе ја продолжи кариерата. Иако еден познат италијански весник „му одбра“ друга средина.

Тутоспорт кој важи за весник близок до Јувентус, го стави Фелипе Андерсон на насловна како прво засилување за идната сезона.

Објавија дека Јуве и агентите на Андерсон го дефинираат договорот кој ќе стартува во јули и ќе изнесува 3,2 милиони евра по сезона до 2027-ма.

За фудбалерот од средниот ред од Лацио овој трансфер се најавуваше уште пред некое време, а синоќа и самиот потврди на Инстаграм дека по завршувањето на сезоната заминува од Рим.

Но се случи пресврт. Бразилецот се враќа дома, а тоа го најави Палмеирас на Твитер кој напиша дека го очекуваат со нетрпение. Плус му го честитаа и денешниот 31-ви роденден.

11 послодователни сезони во европскиот фудбал со асистенции, дриблинзи и голови. Да ги видиме вештините на новиот играч од среден ред и да оставиме порака за него и неговото семејство, стои во другата објава на Палмеирас.

Што се случи со денешната насловна на Тутоспорт?

Ја сменија

Инаку Андресон остави голем белег во Лацио каде одигра вкупно 8 сезони, одигра 319 натпревари и постигна 58 гола. После првите 5 се проба во Премиер лигата каде настапуваше за Вест Хем, а потоа се врати во Рим.

Фабрицио Романо пишува дека изборот го направил поради фамилијарни причини.

16 април 2024 - 13:04