Луди Англичани, за 7 минути дадоа 4 гола

Не е само Боксинг деј празник на кој Англичаните знаат да се изнапукаат со голови. Внимавајте како ја почнаа годината фудбалерите на Фулам и тоа со помош на дете родено 2000-та година за кое гризат Реал и Манчестер Јунајтед.

На 2 јануари се одиграа вкупно седум натпревари на островот, четири во Премиер лигата и три во Чемпионшип и замислете дури три од нив завршија со пресврт.

Саутемптон - Кристал Палас, 1:0 полувреме, 1:2 крај
Вест Хем - ВБА 0:1 полувреме, 2:1 крај
Фулам - Ипсвич 0:1 полувреме, 4:1 крај.

Последниот меч беше скроз најлуд и нè потсети на Роберт Левандовски кој лани даде 5 гола за 9 минути.

Ипсвич со гол во последните мигови од првото полувреме стигна до водство, но во вториот дел им се случи дебакл. Прво во 54-та минута добија црвен картон, а потоа за само 7 минути успеаа да примат дури 4 голови.

Блекаутот им траеше од 69-та до 76-та минута кога Сесењон и Камара стрелаа по два пати. Инаку Рајан Сесењон има само 17 години и е на мета на Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Евертон и Лајпциг.

На 21 ноември 2017-та малиот на својот 50-ти настап за Фулам постигна хет-трик на гостинската победа од 4:5 против Шефилд Јунајтед и со тоа стана првиот 17 годишник со три гола на еден меч во англискиот фудбал после Деле Али во 2014-та.

69' Рајан Сесењон

72' Абубакар Камара

74' Рајан Сесењон

76' Абубакар Камара

3 јануари 2018 - 10:48