Кој им го украде пехарот на жените од првиот ФА куп?

Фудбалерка на Саутемптон која го освои првиот ФА куп во 1971 година сè уште се надева дека ќе го пронајде пехарот и ќе го стави во музеј.

Суе Лопез играше на првото финале од ФА купот на мечот Саутемптон – Стевартон и Тистл 4:1, а пехарот исчезна на крајот од 70-те години.

„Се сомневаме дека го зема некоја од играчите и дека го однесе во некоја кабина со трофеи и сè уште мислам дека е некаде тука во близина. Во сред мисија сум со Националниот фудбалски музеј и се обидуваме да го најдеме оригиналот и да го вратиме каде што припаѓа“.

Саутемптон освои 8 од првите 11 изданија на женскиот ФА куп, а учесници на годинашното финале кое се игра утре на Вембли се Нотс Каунти и Челси. Една од двете екипи ќе ја подигне третата верзија на пехарот кој се користи од 1998 година.

Пехари се крадеа и на многу други финалиња:

- Во 1895 година беше украден пехарот и од машкото финале од ФА купот од продавница во Бирминген. Никој не успеа да го пронајде па мораше да се прави реплика.

- Трофејот Жил Риме се доделува на победникот на Светските фудбалски првенства. За прв пат беше украден во 1966 година, но го пронајде куче. Потоа следуваше втора кражба во 1983-та и потоа не го најдоа.

- Во 2000-та ПСВ остана без трофејот од Купот на УЕФА освоен во 1978 година. По една година крадецот го врати.

- Минатата година од Формула 1 тимот на Ред Бул беа украдени 60 трофеи, а 20 од нив беа пронајдени на дно во езеро.

31 јули 2015 - 17:03