Кога Хрватите покажаа заби на Светско со дебакл над Германија

Како млада и тазе држава по распадот на Југославија, Хрватска одигра историски Мундијал во 1998 и го освои третото место. Впечатоците од тие незаборавни мигови ги раскажуваат Игор Штимац и Ѕвонимир Бобан.

Откако ја минаа групната фаза со победи над Јамајка и Јапонија и пораз од Аргентина, Хрватите во осминафиналето ја елиминираа Романија. Во четвртфинале налетаа на Германија, како европскиот првак од 1996.

Легендарниот Бобан вели дека тој меч им го дефинирал националниот идентитет и дека тоа е најголемата победа на нивната генерација.

Ја декласираа со 3:0, селекција за која играа имиња како Андреас Кепке, Оливер Кан, Лотар Матеус, Јенс Јеремис, Јирген Клинсман, Оливер Бироф, Томас Хеслер...Селектор Берти Фокс.

Хрватите имаа незаборавен состав на легенди: Ѕвонимир Бобан, Давор Шукер, Роберт Просинечки, Игор Тудор, Роберт Јарни, Игор Штимац, Славен Билиќ, Дарио Шимиќ...Селектор Мирослав Блажевиќ.

Во полуфинале Хрватите поведоа против Франција со голот на Шукер, но загубија 2:1. Во мечот за трето место ја добија Холандија.

23 ноември 2022 - 09:58