Колбаси за најдобриот тренер

Клаудио Раниери е блиску до остварување на сонот со Лестер, а духот кој го пренесе во тимот се шири и во градот кој се надева дека во последните 8 кола сметките за титулата во Премиер лигата нема да се замрсат.

Локален месар од Лестер за подршка на италијанскиот стратег направи кобасици кои ги нарече Раниери и кои му ги донесоа на прес конференција да ги проба.

Лестер има 5 бода повеќе од второпласираниот Тотенхем, а во недела со почеток од 14:30 го пречекува Саутемптон. Пивото и крофните за навивачите пак ќе бидат гратис. Газдата части.

2 април 2016 - 11:48