Канцеларијата на Јирген Клоп

Ако Бенитез е предмет за тролање, а Мурињо контроверзен, Клоп дефинитивно е најинтересниот лик кој од тренерската клупа направи комбинација на добар стратег, мотиватор и комичар, ама тоа го прави уникатно и природно. Едностано му стои на човекот.

Неговите реакции на натпреварите, односот спрема играчите и навивачите и особено хуморот кој го прави на пресовите немаше да бидат комплетот, а не ни го покажеа и неговиот офис каде чува на пример сок од рибизли. Абе цар е, гледајте што има на полиците:

- Две капи од Даниел Стариџ

- Кутија со бонбони „Херои“

- Англиски речник, подарок од фудбалерот на Ливерпул Натаниел Клајн

- Шише со џус од грозје, малини и рибизли

- Шише пиво

- Слика од екипата

- Мистериозна црна кутија

- Смешни наочари

- Знак на кој пишува ‘The Klopps’

- Медали од времето на Борусија Дортмунд

- Книга „Во мојата крв. Роден сум за да го следам Ливерпул“

- Книга „Зимските трансфери“

- Книга „Како да го направиш вистинскиот избор“

- Книга „Размислувај брзо и бавно“

27 април 2016 - 12:22