Какво е мислењето на навивачите на Абердин за Миовски?

Во јуни минатата година го напушти не баш популарниот унгарски шампионат и веднаш стана име во Шкотска и незаменлив на позиција 9. Во првата сезона блесна со 18 гола, а во оваа веќе има 14. Не се дочитуваат позитивните коментари за него. Некои го сметаат и за најдобар шпиц во лигата, а меѓу нив и тренерот на Ливингстон, Дејвид Мартиндејл во изјава за клупскиот канал откако им направи пресврт со два комада.

22 декември 2023 - 14:34