Како Хрватска може да биде елиминирана во група

Голот на Чесите во 94-та минута со кој им извадија 2:2 до толку им го изремети мирот на Хрватите, што почнаа да прават можни сценарија за испаѓање, а нема потреба, тоа речиси е невозможно да се случи.

Хрватска вечерва од 21:00 часот игра против Шпанија и со нерешено обезбедува второ место во групата кое носи пласман во осминафинале. Шпанија така останува прва и мир во куќа и за двете селекции.

Коцкестите денеска можат да станат осминафиналисти и пред да почне нивниот меч, а тоа е би се случило ако Германија од 18:00 часот ја совлада Северна Ирска. Така Хрватска и официјално станува дел од најдобрите четири третопласирани репрезентации.

Но што се мора да се случи за Хрватска да испадне, односно да влезе во тоа непосакувано друштво од две најлоши третопласирани селекции?

Прво Германија не смее да ја победи Северна Ирска, Хрватска мора да загуби од Шпанија, а Чешка да ја победи Турција и да има подобра гол разлика од Хрватите.

Потоа во последниот ден од групната фаза Португалија мора да ја победи Унгарија, Исланд и Австрија да не одиграат нерешено. И за крај Ирска мора да ја победи Италија која веќе е прва и да направат подобра гол разлика од Хрватска. Ирците имаат -3, а Хрватска +1.

Хрватите воопшто немаат потреба да се занимаваат со таквите сценарија кои се драстично полесни за тоа како би станале осминафиналисти. За тоа има 6 варијанти од кои е доволно само една:

1. Ако Германија само ја победи Северна Ирска
2. Со реми вечерва против Шпанија
3. Ако Чешка не триумфира против Турција
4. Ако Португалија не ја победи Унгарија
5. Исланд и Австрија да ремизираат
6. Ирска не ја победи Италија

Вечерашната средба меѓу Хрватска и Шпанија се очекува да биде и како битка за првото место. Кој ќе го освои во осминафинале оди на Португалија, а вториот на табела ќе има потежок противник во нокаут фазата. Се вика Италија.

21 јуни 2016 - 11:12