И официјално нема Премиер лига пред 1-ви јуни

Никаков професионален спорт, ниту пред затворени гледалишта нема да има во Англија најрано до 1-ви јуни, објави британската Влада.

Владата на Велика Британија објави упатство со насоки како Англија ќе ги олеснува мерките, напишано на 50 страници, пишува БиБиСи.

Вториот чекор од тој план предвидува забрана за „културолошки и спортски настани зад затворени врати, со цел спречување на ризикот од зголемен социјален контакт“.

Понатаму во документот стои дека одново отворање на места каде се собира мноштво гледачи, како спортски стадиони, „би можело да биде овозоможено подоцна во зависност од намалувањето на бројот на заразени лица“.

Премиерлигашите во понеделник ќе имаат средба на која ќе го дискутираат претходно најавениот проект Рестарт.

Најдобрата и најгледана фудбалска лига на светот е суспендирана од 13 март поради пандемијата со коронавирус, но водството на Премиер лигата планира да го продолжи првенството во јуни. Треба да се доиграат уште 92 меча.

Овој документ подразбира дека во Англија и Велс нема да се игра ниту крикет до 1 јуни. Надежи како Премиерлигата, имала и Федерацијата на трки со коњи која што ја прекинала сезоната на 17-ти март. 

Рагби Премиершип лигата на Велика Британија исто нема да продолжи пред почетокот на месец јули, со 9 кола за доигрување.

КОГА ГЛЕДАЧИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ОДАТ НА СТАДИОН?

Од документот на британската Влада не е јасно кога гледачите би можеле да одат на спортски настани повторно.

Под членот 3 од програмата, кој е планиран за почеток на 4 јули, Владата планира да отвори некои бизниси кои принудно беа затворени, меѓу нив и гостилници и центри за одмор и рекреација.

„Некои места, кои се дизајнирани за повеќе народ и каде не би имало тешкотии да се држи социјална дистанца, можеби уште нема да бидат оспособени за безбедно отворање, или пак ќе се отворат само делумно“.

11 мај 2020 - 16:47