Хероите на Динамо излегоа пред стадион на славје со навивачите

По сензацијата во осминафиналето од ЛЕ во која од првата минута учествуваа двајца македонски репрезентативци, во Загреб беше лудница. Славјето почна на Максимир каде фудбалерите се појавија пред навивачите по што настана делириум.

Она што најмногу недостига во фудбалот е да згрмат трибините кои за жал веќе година дена се празни поради проклетиот Ковид. Но играчите без навивачите не можат, а тој флиуд најдобро се виде синоќа пред Максимир.

Ултрасите на Динамо направија пиротехничко шоу на кое одговорија и јунаците кои се појавија надвор откако успеаа да го урнат Тотенхем на Мурињо. Ристовски и Адеми беа стартери, а можете да ги видите и на големото заедничко славје играчи со навивачи.

Бакљада, огномет, димни бомби, навивачки песни, камери, полиција. Лудница настана пред стадион, а потоа славјето продолжи по улиците низ Загреб.

Хајлајтс од големиот пресврт и славје од соблекувална каде им влета Мурињо.

19 март 2021 - 10:26