Грците пуштија сиртаки против Шведска

Место едноминутен молк, на мечот Грција - Шведска на стадион одекна најпознатиот грчки танц “сиртаки“, кој им стана симбол и кој се прослави во цел свет. Создаден е во 1964-та за филмот Гркот Зорба и е дело на славниот композитор Микис Теодоракис, кој почина на 2 септември на 96 години.

Грците славеа 2:1 против Шведска и се трети го групата Б, каде лидер е Шпанија.

9 септември 2021 - 09:00