Говор за паметење на пијаниот Ван Гал

Со инспиративен говор на свеченоста по повод доделување на наградите за најдобар фудбалер на Јунајтед сезонава, Ван Гал и дефинитивно ги купи навивачите. Гигс доби заушка од шефот поради аукцијата.

Признанието за најдобар фудбалер на Јунајтед и во избор на соиграчите и во избор на навивачите му припадна на Давид Де Хеа, за што Ван Гал прокоментира:

„Давид, јас сум ти тренер и мене ова воопшто не ми се допаѓа. Сакам да играм напаѓачки фудбал, а најдобар играч ми е голманот“.

Веднаш по тој коментар, Ван Гал му удри заушка и на неговиот помошник Рајан Гигс, кој за време на хуманитарната аукција ја надмина понудата на Холанѓанецот и го претрка во аукцијата.

Тоа беше доказ дека Ван Гал е прилично пијан, а вистинскиот циркуз следуваше потоа. Иако се очекуваше краток и вообичаено здодевен преглед на сезоната, Ван Гал имаше енергичен и харизматичен говор.

„Кога ќе ја почнеш сезоната со 13 освоени бодови на 10 натпревари, а тренер си на клубот... На најпознатиот клуб на светот. И кога играш дома, а јас сум исто човек, кога играш дома а имаш очајни резултати тогаш и не си баш омилен меѓу навивачите. Јас дојдов на Олд Трафорд, имав 10 натпревари, 13 бодови и сфатив како треба да се однесувам. И тогаш луѓето почнаа да ми аплаудираат. Помислив: Како е можно навивачиве да ме поддржуваат?, го почна својот говор Ван Гал кој одвреме-навреме знаеше и да подвикне како да е на митинг.

Според него, пресвртот во сезоната се случил на 18. април кога Јунајтед му гостуваше на Челси.

„Благодарение на поддршката од навивачите продолживме. Не сам јас, туку и целиот стручен штаб, посебно играчите. Од 13. место дојдовме на трето. После толку лош старт. Се сеќавам на состанокот со играчите на кој капитенот Вејн Руни рече дека го напаѓаме второто место. Реков ДА! Го напаѓаме. После поразот од Арсенал ги добивме следните шест натпревари. Сигурно се сеќавате на тоа“, оптимистички зборуваше Ван Гал кој додаде дека Манчестер ги има најдобрите навивачи на светот.

Говорот на Ван Гал за паметење:

Позитивна реакција имаа и Гери Невил и Џејми Карагер на Твитер:

Холанѓанецот минатата година на располагање за трансфери имаше буџет од 200 милиони евра, колку што ќе има и годинава.