Голот за кој Клоп тврди дека е најубав во историјата на Бундеслига

Во 1993-та Ајнтрахт Франкфурт го пречекува Карлсруе. За гостите брани лудиот Оливер Кан, а за домаќините игра Нигериецот Џеј-Џеј Окоча, еден од најпрефинетите техничари од Африка.

„Осум или девет пати му викав: 'Шутни, шутирај'! Исто и навивачите викаа, ама секогаш ќе кажам, Џеј-Џеј е тип што треба да го оставиш да игра“, изјавил тогаш тренерот на Ајнтрахт, Клаус Томпелер:

Еве што вика Клоп за Гардијан за голот на Нигериецот кој се прослави во ПСЖ:

„Окоча го постигна најспектакуларниот гол во историјата на германскиот фудбал. Пет минути им требаше на Кан и неговите бекови да паѓаат на земја пред да шутне во мрежата“.

3 јуни 2020 - 10:01