Фудбалерите со кои џабе човек би се чувал во трк

Ако ова истражување е точно, тогаш најдобро е оние играчи кои се задолжени да го чуваат Герет Бејл да смислат тактика како да му ја земат пред да почне да трча, бидејќи потоа е доцна.

Едно мексиканско истражување направи листа со 10 најбрзи фудбалери во светот за 2016-та година врз база на нивниот максимум кој го оствариле минатата година.

На листата има тројца играчи од Ла Лига, четворица од Премиер лига, и по еден од Бундеслига, Бразил и Мексико.

На подиумот е Герет Бејл кој лани во игра успеал да развие брзина од 36,9 километри на час. Вториот најбрз играч се вика Орландо Берио кој направи трансфер од Атлетико Национал во Фламенго за 3,2 милиони долари, а трет е Јирген Дам, Мексиканец со германско потекло кој игра во Тигрес.

На топ 10 листата има место и за брзите Роналдо и Меси, но го заборавиле 22 годишниот Инаки Вилијамс од Атлетик Билбао кој лани во мај против Депортиво трчаше со 35,7 километри на час и со тоа го урна рекордот во шпанското првенство.

За шпанскиот напаѓач кој чини 15 милиони фунти битка водат Арсенал и Ливерпул.

14 февруари 2017 - 16:28