Финалето на ФА купот ќе руши рекорд за тагови

Тагни го Дрогба и учествувај во поставување нов светски рекорд. Фубалската асоцијација на Англија ќе го искористи финалето на ФА купот помеѓу Челси и Ливерпул за соборување на рекордот за фотографија со најмногу тагови.

Со победата од 2:1 над Ливерпул на стадионот Вембли, екипата на Челси го освои својот седми трофеј на финалето од 131-то издание на англискиот ФА куп, а навивачите кои во живо го проследија овој натпревар ќе бидат дел од обидот за соборување на светски рекорд.

Огромна фотографија од 360 степени и околу 25 гигапиксели беше направена за време на финалниот натпревар, а навивачите можат да се логираат на вебстраната на стадионот Вембли и да се означат на фотографијата.

Во моментов светскиот рекорд кој е запишан во Гинисовата книга на рекорди го држи фотографија од концертот Гластонбери во 2010-та година на која се тагнати 7.000 лица.

Фотографијата која веќе го сруши рекордот за најголема спортска фотографија можете да ја погледнете тука.

7 мај 2012 - 10:47