Еспањол - помалиот брат на Барселона

Вечерва во Шпанија ќе се одигра градското дерби помеѓу каталонскиот гигант кој секој го знае и невидливиот тим кој секогаш е во сенка на својот поголем брат: Барселона - Еспањол.

Хавиер Агире е тренер на шпански прволигаш од Барселона и секој ден ги прелистува четирите шпански спортски весници, но се мачи да најде некоја вест за неговиот тим. Агире е тренер на Еспањол, фудбалскиот клуб познат како вториот клуб од Барселона.

„Ние сме вториот тим во градот. Но има и добри страни. Нашите навивачи се многу страсни, а нивната омраза кон Барселона е огромна", изјави Агире.

Додека градските ривалства најчесто се заради поделеност на маала, класи, националност или вера, тука главната причина е слободата.

Навивачите на Барселона сакаат независноста на Каталонија, а оние на Еспањол повеќе се приврзани за обединета Шпанија. Прашањето за каталонската независност е константен проблем во овој регион, па многу навивачи на Барселона го мразат Еспањол повеќе и од Реал Мадрид.

Вечерашниот дуел помеѓу Барселона и Еспањол ќе биде нивна 159-та средба. Поголемиот брат доминира со 89 победи, 35 натпревари завршиле нерешено, а Еспањол триумфирал само 34 пати.

1 ноември 2013 - 15:22