ЕЛЕМ со пресврт до победа над Глобко Логистик

Во вториот ден од 8 коло во Бизнис лигата на Македонија, Македонски Телеком и Лукоил славеа убедливи победи со по 9 погодоци.

ЕЛЕМ со пресврт во второто полувреме до победа над Глобко Логистик

Глобко Логистик 2-5 (1-1) ЕЛЕМ
Глобко Логистик: Александар Божинов 3’, 26’
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 4’, 28’, Димче Димитријески 22’, Диме Милевски 24’, Антонио Ничевски 33’

Во првото полувреме уште на самиот почеток двете екипи офанзивно почнаа со по еден гол во 3’ и 4’ за да во понатамошниот дел од полувремето и двете екипи ги консолидираа своите редови во одбраната, добро го читаа нападот и не дозволија да падне гол, па полувремето го завршија нерешено со 1-1. Во второто полувреме ЕЛЕМ уште на самиот старт се постави на висина на задачата, беше поагресивен од Глобко Логистик и успеа да стекне предност која противникот во понатамошниот дел од натпреварот не можеше да ја достигне, па така на крајот славеше со 2-5.

Македонски Телеком убедлив против ArcelorMittal

Македонски Телеком 9-1 (3-1) ArcelorMittal
Македонски Телеком: Душко Симоноски 11’, Влатко Причков 14’, 17’, 35’, Бесник Рамуши 26’, 37’, Ивица Вељановски 29’, Андреј Периќ 40’, 40’
ArcelorMittal: Љупчо Шегмановиќ 19’

Екипата на Македонски Телеком во вечерашниот дуел со ArcelorMittal уште еднаш потврди дека е претендент за Final8 турнирот. Но ArcelorMittalне беше на висина на задачата вечерва, му дозволи на Македонски Телеком да се разигра, да ја покаже својата тимска игра и против ваквиот Македонски Телеком не беше во ситуација да фати резултатски приклучок, па го загуби овој натпревар со 9-1.

Лукоил не дозволи изненадување во дуелот со TRANSMET

Лукоил 9-4 (6-2) TRANSMET
Лукоил: Игор Дамјаноски 6’, 12’, 38’, Борче Василев 14’, 16’, 20’, Владимир Секулоски 15’, 24’, Дејан Зиков 22’
TRANSMET: Тони Ѓуровски 3’, Амер Скендеровиќ 4’, 26’, Перо Ангелески 40’

Одличен почеток на екипата на TRANSMET, го изненади фаворизираниот Лукоил со 2 гола од кои едниот во 4’ Амер Скендеровиќ со играч помалку. По оваа почетна еуфорија TRANSMET малку како да се опушти, па следеше серија на Лукоил во која дојде до целосен пресврт од 6-2, од кои мора да го истакнеме голот на Борче Василев на асистенција на голманот Марјан Цветковски (еврогол). Во второто полувреме Лукоил продолжи со серијата, TRANSMET немаше сили за пресврт, па на крајот Лукоил славеше со 9-4.

26 ноември 2014 - 00:11