Елче испаѓа од прва лига

Шпанскиот прволигаш поради финансиски проблеми ќе мора да ја напушти Примера дивизион и да се натпреварува во втора лига.

Фудбалската федерација на Шпанија поради долгови денеска одлучи да го исфрли од прва лига Елче кој наредната сезона ќе ја почне во втора лига.

Малиот шпански клуб се избори за пласман во најелитното шпанско првенство во 2013 година. Таа сезона се пласираше во 16-та позиција, а изминатава сезона беше 13-та.

Според соопштението на федерацијата Елче ќе треба да плати казна и од 180.000 евра, а во колективните договори на играчите стои дека играњето во втора лига значи и намалување на нивните плати за минимум 50%.

На нивно место во прва лига останува најмалиот клуб со најмал стадион и со најмал буџет кој некогаш заиграл во шпанското првенство кој оваа сезона заврши на 18-та позиција.

5 јуни 2015 - 13:16