Два атрактивни гола на Италија против Еквадор

По триумфот над Венецуела од 2:1, Италија успешно ја заокружи јужноамериканската турнеја со победа над Еквадор од 2:0. Лоренцо Пелегрини го отвори мечот по само 3 минути игра со бомбастичен проектил, а во 94-та минута печат на мечот стави Барела со убав лоб после одличната асистенција на Орсолини.