Дечките изгазија со слога и сплотеност, а не со пари

Оваа доминантна “Клоп ера“ на Ливерпул е инспирација за секојдневно пишување, но веќе кажавме многу работи за нив и заслужија да ги споменеме уште овие податоци кои се за почит.

Беспредметно е веќе да потсетуваме колкава количина на пари се фрлија на Стемфорд Бриџ за Абрамович да стигне до успесите кои беа невозможни без неговите инјекции.

Иста приказна и на Етихад каде Шеиците ги поместија границите во фудбалот и трошеа пари без усул.

Во Ливерпул титулата не се градеше со милијарди, туку со срце. Клоп тоа го вети на првата прес конференција и го оствари. Изгради тим кој со посебна хемија и атмосфера во тимот ги мелеше противниците.

Шампионската титула ја освоија по 30 години, но многу порано, односно на 7 кола до крај со неверојатна доминација од 23 бода пред вториот на табела.

Колку пари потрошија за засилувања оваа сезона? 8,6 милиони евра.

И сега внимавајте на овој фасцинантен податок:

Ливерпул има повеќе трофеи (4) од лигашки порази (2) во последниве 2 сезони.

Ниту еден тим претходно не успеал да ги освои овие четири медали по ред.

30 јуни 2020 - 12:57