Деби европски гол на Миовски кој го спаси Абердин од пораз

Ништо не прави Абердин без македонскиот центарфор, кој веќе нанижа 8 погодоци на стартот од новата сезона.

Абердин се спаси од пораз дома против Хелсинки во 2. коло од Конференциската Лига, благодарение на Бојан Миовски.

Гостите поведоа со голот на Радуловиќ во 59-та минута, Миовски израмни во 79-та.

За Абердин ова е прв бод на европска сцена, после поразот во првото коло од фаворитот Ајнтрахт Франкфурт.

За Миовски ова е првенец во групната фаза воопшто на европските натпреварувања. Два постигна во квалификациите за Лига Европа, еден во шкотскиот Куп и 4 во првенство.

Абердин во 3. коло на 26 октомври го пречекува ПАОК. 

6 октомври 2023 - 08:23