Да си погледаме евроголови

Тешко е да се испрати и да се види цела фудбалска ревија на голчишта и јаки потези кога е викенд. Еден, втор, трет, ни се присобраа уште четири од изминатово коло кои решивме да ги ставиме во ист кош. Кој од кој поубав.

Одиме прво со понеделничкото ремек дело на Бразилецот Галено од Брага, која синоќа го совлада Портимоненсе со 3:0. Голчиште кое потсеќа на Фиго и Дел Пјеро или во поново време Киеза ако сакате.

Бразилска мајсторија од далеку имаше и на швајцарското дерби Цирих - Базел кое заврши 3:3. Резултатот го отвори Бразилецот Артур Кабрал кој ја опали фантастично.

Последните два се од ист натпревар, Коњаспор - Фенербахче кој заврши 2:1. На Сонер Дикмен ќеифски му легна топката по само 2 минути игра.

А Ирфан Кавечи во 84-та го постигна веројатно најјакиот гол од слободен удар овој викенд.

2 ноември 2021 - 08:14