Чарлтон треба со Нивес Целзиус да привлече навивачи

Дуелот еден на еден кој се одвиваше на центарот од стадионот на англискиот второлигаш, не бил случаен. Но има и такви примери, кога е направен поради задовилство, како оној во Хрватска која потоа победи на истиот терен.

Иако портпаролот на Чарлтон изјави дека за вчерашниот упад на двојката која се сексаше на терен, ќе следува истрага, сепак тоа нема да се случи. Зад тоа уствари стои клубот кој сакал само да направи реклама за привлекување повеќе публика.

Клипот се појави како големо изненадување кое го видоа над милион гледачи и кои помислија дека актерите сакале само да видат љубов на некоја необична локација. Некои сајтови се шегуваа дека членот на Чемпионшип лигата може и да го изнајмува теренот за тие што сакаат секс на стадион.

Стратегијата на Чарлтон која се обидува да привлече повеќе луѓе на стадион, може и да ја продолжи, а ние и предлагаме да побара помош од поискусни. Познатата старлета Нивес Целзиус се пофали дека на иста таква позиција имала секс со хрватскиот фудбалер, а сега нејзин поранешен сопруг Дино Дрпиќ, на стадионот на Динамо Загреб.

Навивачите би биле презадоволни ако од нивниот омилен клуб за следното видео ја викнат нејзе, бидејќи ќе имаат двојна радост. Нивес изјави дека тоа го направиле со запалени рефлектори, а потоа на истиот терен Хрватска ја победи Англија 2:0 на квалификациски меч за ЕП 2008.

Уште еднаш видеото, овој пат со малку вовед

27 февруари 2015 - 13:05