Бенитез: Реал само менува тренери, а Барса освојува трофеи

Скоро два месеци по отказот, Рафа Бенитез зборува отворено за тоа што не му се допаѓало во Реал Мадрид, а ги споредува и клупските политики меѓу Реал и Барселона.

Шпанскиот стратег кој има освоено Лига на шампиони со Ливерпул и Лига Европа со Челси беше само седум месеци тренер на Кралевите и признава дека е тешко да се работи во клуб каде газдата е сеприсутен.

„Тешко е да се објасни. Треба да знаете што точно се случи во Реал последниве години. Можевме да ги видите Камачо, Дел Боске, Пелегрини, Мурињо, Анчелоти. Не е лесно да се биде таму тренер. Треба сè да правите перфектно. Ако нешто е погрешно или ако газдата мисли дека е погрешно, тогаш ќе почнете да имате проблеми. Мислам дека можевме да направиме добри резултати, но тие беа нервозни, навивачите беа нервозни, претседателот исто така и го сменија тренерот“.

„Мојот помошник Фабио Пекија ми се пожали дека претседателот врши постојан притисок. Секогаш е тука, секој ден разговара со играчите, се дружи со новинарите, а тоа не е едноставно кога сте тренер“.

Тој го пофали моделот и клупската политика на Барселона која како што вели ми донесе двојно, па и повеќе од двојно повеќе титули од Реал Мадрид.

„За да ја освоиш лигата треба да имаш конзистентност и треба да се бориш против Барселона. Таа има свој стил на игра, свој модел. Тоа е нешто што Реал го нема, тие менуваат тренер секоја година и постојано се менува стилот на игра. Тоа е причината што Реал во последните седум години освои една титула во првенството, колку Атлетико, додека Барселона во тој период освои пет титули. Барселона во последните осум години играше шест пати во финалето на Купот, има освоено двојно повеќе трофеи од Реал и повеќе од тоа. Барселона е конзистентна, тоа е причината за нивните успеси“.

Тренерската кариера Бенитез ја започна во Б тимот на Реал во 1993 година, а на негово тренерско место од почетокот на оваа година е Зинедин Зидан.

 
Benitez Madrid Exclusive

In one of his first interviews since being sacked as Real Madrid C.F. manager, Rafael Benítez candidly opens up about life at the Bernabéu.

Posted by BT Sport on Wednesday, February 17, 2016
18 февруари 2016 - 15:13