Бебе бил како изгубен на Олд Трафорд

Промашената инвестиција на „Црвените ѓаволи" доста искрено си ја опиша неуспешната авантура во Манчестер Јунајтед, каде мака мачел да го разбере шкотскиот акцент на Сер Алекс Фергусон кој пак на младиот фудбалер му се обраќал со „Бејби".

Бебе премина на „Олд Трафорд" во август 2010 година од тимот на Викторија де Гимараеш за сума од скоро 9 милиони евра, но кариерата во Англија ќе сака побрзо да ја заборави, затоа што не беше ниту еднаш стартер во Премиер лигата.

Тој сега повторно е во својата земја како позајмен играч во Рио Аве, а спомените кои му поврзани со големиот англиски гигант се навистина за издвојување, како на пример тоа што играњето за Манчестер тој си го сфаќал како на мајтап.

„Никогаш не го сфаќав играњето во Манчестер како нешто серизно. Мислев дека штом сум тука сум добар и дека не треба да се трудам многу секој ден. Инаку кога зборуваше Фергусон, поради тешкиот акцент не можев да го разберам ниту еден збор. Тој ме викаше „Бејби", но му реков дека тоа не е моето име. Еднаш ме гледаше доста сериозно во соблекувалната, ми рече да се шишам, затоа што така подобро ќе ми изгледа фризурата, јас бев на бербер уште истиот ден, но на наредниот тренинг тој не ме препозна", раскажува Бебе.

Првите неколку дена во Манчестер, Бебе ги опишува како доста тешки во кои бил многу нервозен и не сакал со никого да разговара. Најмногу му помогнале Нани и Андерсон, единствените двајца играчи кои зборувале португалски, а во првите два месеци живеел со Андерсон на кој му е многу благодарен. Од останатите пикантерии кои ги памети е најверојатно најневажниот момент со легендарниот играч на „Црвените Ѓаволи".

„Еднаш ја протнав топката низ нозете на Гигс, а тој ми рече: Оди кажи и на мајка ти што му направи на Рајан Гигс", изјави Бебе.

19 април 2013 - 17:13