Атракција на Бензема против Атлетико за личен голгетерски рекорд во 2021-ва

Актуелниот шампион на Шпанија капитулираше во мадриското дерби и сега и на -13 со натпревар помалку зад големиот ривал. Карим Бензема ја игра сезоната на кариерата.

Реал Мадрид го доби големото градско дерби со 2:0 и сè повеќе се наметнува како главен фаворит за титулата во Ла Лига.

Кралевите одиграа перфектен натпревар и со брза и течна игра го разбија бранителот на титулата кој беше во подредена улога.

Резултатот го отвори Бензема со атрактивен волеј уште во 16-та минута од средбата, а мечот го затвори Асенсио во 57-ма минута. Винисиус повторно беше во елемент, овој пат со две асистенции.

За Реал Мадрид ова е 10-та победа во низа на сите натпреварувања, 11-ти меч без пораз против најголемите ривали Барселона и Атлетико, како и серија од 21 меч без пораз на Бернабеу.

Одбраната на Атлетико Мадрид како главен елемент во играта на Ел Чоло, сезонава е во пад. Имаат примено 18 гола по 16 кола, а минатата сезона 18-от гол го примија дури во 28-мо коло.

По 17 кола Реал има само еден пораз и е прв на табела со 42 бода пред Севиља со 34, Бетис 33, Атлетико Мадрид 29, Реал Сосиедад 29...

Волејот на Бензема кој бележи личен рекорд од 36 голови во 2021-ва.

Голот на Асенсио

Потег на Модриќ во свој стил

Интервенцијата на Куртоа во судиското продолжение

Винисиус vs Кореа

13 декември 2021 - 07:56