Абердин е финалист благодарение на херојот Бојан

Македонскиот напаѓач не застанува и стигна до гол број 10 сезонава во Шкотска на сите натпреварувања. Абердин ќе игра финале во Лига Купот откако го совлада Хибернианс со 0:1 со голот на Миовски во 78-ма минута, кој го претрча пола терен и го матираше голманот за голема победа.

Инаку Абердин ќе се бори за седмиот трофеј во Лига Купот, а ќе игра против Ренџерс или Хартс. Последен пат го освои во сезоната 2013/2014. 

5 ноември 2023 - 08:04