Никол Кидман веќе губи можности за работа

Иако е една од најзначајните холивудски актерки на нашето време, Никол Кидман вели дека откако наполнила 40, има сè помалку ангажмани, заради сексистичките холивудски стандарди.

Последниве десет години има брилијантно одиграни улоги (Rabbit Hole, Lion, Big Little Lies), но и покрај ова, Кидман која сега има 54, вели дека се има соочено со професионални бариери заради возраста.

Сега ја предводи актерската екипа за филмот Being the Ricardos, како ѕвездата на I Love Lucy, каде што влегуваат и Хавиер Бардем, Џ. К. Симонс, Нина Аријанда, Тони Хејл и Алиа Шокет.

„Има еден консензус во индустријата дека како женски актер, на околу 40 - готова си,“ вели Кидман за магазинот Дужур. „Не е дека сум седнала со некого, па да ми каже ‘поминат ти е рокот’. Но има моменти каде што те одбиваат и ти затвораат врата. Тоа те менува и ти влијае.“

За истово зборуваше и на Тудеј Шоу, каде што објаснува дека она со кое се соочува нејзиниот лик Лусил во Being the Ricardos ѝ помогнало да се поврзе со комичарката додека се спремала да ја игра.

„Има една сцена во филмот каде што кажуваат ’39 години имаш и толку. За тебе е завршено.’ Го знам тоа чувство. Сум го имала. И си реков, добро. Таму каде што телевизијата отвора врата за нејзе, отвора и за мене.“

23 декември 2021 - 12:19