Каква била Мерил Стрип за време на снимањето на „Ѓаволот носи Прада“?

Анегдота што ја кажува Ен Хатавеј за искуството да се работи со Мерил Стрип на филм. Излегува дека супер ќе ти биде ако игра фина особа. Ама ако ја игра Миранда Присли…

На снимањето цело време останала во ликот, според Хатавеј, затоа што не дозволила ништо да ѝ го наруши филмот во глава. Во разговор со Греам Нортон, Хатавеј раскажува:

„Кога ја запознав ме гушна… И ѝ реков, леле, колку убаво ќе си поминеме додека го правиме филмов! И таа ми рече,

„Мила, ова е последен пат да сум фина со тебе.“

Потоа објаснува дека после тоа гушкање, Стрип се трансформирала во „ледената кралица“ што е Миранда Присли и со месеци ја игнорирала и била ладна со нејзе, сѐ до промоцијата на филмот.

Така што, излегува дека Хатавеј и Стрип на сет не биле во добри односи. Но,

„Таа е прекрасна, топла личност,“ заклучува на крајот и додава дека со задоволство би учествувала во повторна средба на екипата од „Ѓаволот носи Прада“.

Ај сега да се потсетиме:

8 октомври 2021 - 12:32