Таг: мерил стрип

Каква била Мерил Стрип за време на снимањето на „Ѓаволот носи Прада“?

Анегдота што ја кажува Ен Хатавеј за искуството да се работи со Мерил Стрип на филм. Излегува дека супер ќе ти биде ако игра фина особа. Ама ако ја игра Миранда Присли…

Политичката обоеност на Златните глобуси 2017

Како што обично бива, откако ќе се испукаат листите на наградените почнуваат анализите - зошто добил оној а не овој, кој како бил облечен, кој водител бил најсмешен, кој воопшто не се појавил. Но како ретко кога до сега, анализирани се политичките пораки на настанот, кој е изгледа само вовед во истата таква ангажираност на Оскарите.

Златното доба на глумци што се за во пензија

За да потпише дека ќе глуми во мини-серијата The Nix, Мерил Стрип доби хонорар од 825.000 долари по епизода. Роберт Де Ниро е за 75.000 поевтин и за секоја од 20-те епизоди на еден серијал на Амазон, ќе заработи по 750.000 долари.

Приказната за најлошата пејачка на сите времиња

Нов филм со Мерил Стрип и Хју Грант зборува за една посебна фигура во (не)музичката историја - богаташка, која иако воопшто немала слух, одлучила да стане оперски сопран. Филмот е комедија, но вистинскиот живот на Флоренс Фостер Џенкинс е малку посложена приказна.