Имаме нова Кралица од „Снежана“

Дизни нема намера да престане со преправање на старите цртани во филмови и веќе има испланирано „Снежана“. И лошата кралица ќе биде Гал Гадот. Интерестинг.

Гадот сега е во финални преговори за улогата, а ќе ѝ се придружи на Рејчел Зеглер.

„Снежана и седумте џуџиња“ е голема работа за студиото, со оглед на тоа што е базиран на првиот долгометражен цртан од Дизни. Го пуштија во 1937 и на Дизни му донесе специјален Оскар.

Новата адаптација, инаку најавена уште од 2017 ќе има нови песни, од Бенџ Пасек и Џастин Пол, кои ќе се надеваме дека ќе убодат затоа што имаат работено со Алан Менкен.

А ќе биде многу интересно што ќе направи Гал Гадот со Лошата кралица, со оглед на тоа што е еден од најјаките негативци на Дизни. Филмот влегува во друштво на најавеното продолжение на „Круела“, па приквел на „Кралот лав“, па римејкот на „Херкул“ и „Лило и Стич“. Се спрема и „Пинокио“ со вклучени Том Хенкс и Роберт Земекис, но за тоа сѐ уште нема датум.

Ќе може, нели:

4 ноември 2021 - 11:31