Чудовишниот ум на Хју Хефнер

Во понеделникот имаше нова епизода на „Тајните на Плејбој“ и излегоа многу непријатни тврдења за Хју Хефнер и наводните гадости што се случувале во куќата Плејбој. Поранешната девојка на Хефнер, Сондра Теодор се отвори за нејзината петгодишна врска со него и го нарече „чудовиште“.

Заедно биле од 1976 до 1981 и прво им било „како бајка“. Но, за кратко нејзината приказна станува слична со приказните на другите девојки на Хефнер - меѓу другото, ја отсекува од светот.

Нивната врска се одвива во исто време кога Хефнер решава дека ќе има повеќе девојки и ќе го живее животот што списанието го претставува. Теодор морала да регрутира млади жени за групен секс со Хефнер. Призна и дека се дрогирала за да може да го истера тоа што тој сакал да го прави.

Еден од најзапрепастувачките моменти, сепак, е кога раскажува за вечерта кога влегла во соба и видела дека Хефнер го допира кучето, со објаснување дека „и кучињата имаат потреби.“ И никогаш повторно не го оставила на само со кучето.

Теодор кажува и дека во подоцнежните фази од нивната врска, Хефнер носел мажи во собата и ја упатувал да има однос со нив против нејзина волја.

„Се чувствував толку нападнато што ми се наметнуваше маж со кој не сакав да бидам,“ се сеќава таа. Ѝ се смачило кога Хефнер спомнал „снаф“ филмови - видео материјали кои прикажуваат реални убиства.

„Каков е тој отиден ум што бара да гледа како некого убиваат за да се возбуди? Ми се отворија очите дека е чудовиште. Навистина, беше чудовиште,“ изјавува Теодор. Иако собрала храброст да си оди, вели дека секојдневно ѝ влијае она што се случувало додека живеела во Плејбој куќата.

„Живеев луксузно, но плаќав висока цена за тоа,“ вели таа. „Никогаш нема да научам да бидам нормална личност.“

Режисерката на „Тајните на Плејбој“, Александра Дин за Јаху Ентертејнмент вели дека Теодор била најтешка за убедување да учествува во документарецот и ја нарекува „главниот глас“ на серијата.

„Она што најмногу ме шокираше е длабочината на нејзините лузни околу сè што ѝ се случувало со Хеф,“ вели Дин. „Беше толку длабоко и тоа ме убеди повеќе од сè дека има многу помрачна приказна од онаа што почнав да ја правам. Само да се гледа Сондра, да се слуша Сондра, се слушаат тие траги од траума.“

Според Дин и разговорите што ги водела со поранешн плејмејти, поранешни девојки на Хефнер и вработени во куќата, неговиот најмрачен период бил токму кога бил со Теодор.

„Мислам дека тогаш и најмногу злоупотребувал дрога,“ објаснува. „Мислам дека тоа ослободило, или барем поништило одредени граници што би ги имал без да се дрогира. И излегол вистинскиот Хеф… Мрачен.“

Кога се мисли на куќата, според Дин, како да се работи за Вегас. Мислиш дека е забавно и симпатично и дека сè што се случува во куќата, останува во куќата.

„Но, кога ќе погледнеш подлабоко, се работи за полуден зависник од секс кој морал постојано да експериментира и да ги поместува границите на експериментите. Нема ништо забавно и симпатично во тоа. Брутално е. Страшно е. И има многу повеќе од ‘малку мизогинија’ во сето тоа.“

Плејбој пушти официјална изјава пред премиерата на серијата:

„Семејството Хефнер повеќе не е поврзано со Плејбој и денешниот Плејбој не е тој Плејбој на Хју Хефнер. Им веруваме и ги одобруваме овие жени и нивните приказни и силно ги подржуваме тие индивидуи што ги споделуваат нивните искуства. Како бренд со позитивност кон сексот во своето јадро, веруваме дека безбедноста, сигурноста и одговорноста се од суштинска важност. Најважното што можеме да го направиме сега е активно да слушаме и да учиме од нивните искуства. Како организација со повеќе од 80 проценти женска работна сила, посветени сме на конфронтација со било каков дел од нашата оставштина што не ги рефлектира нашите денешни вредности и продолжуваме со напредокот што го постигнавме за да еволуираме како компанија за да донесеме позитивни промени за нашите вработени и нашите заедници.“

16 февруари 2022 - 00:02