Еби се, животе

Збогум Игоре

„Јас кон смртта имам амбивалентен однос, со оваа книга затворам еден круг. Смртта ме привлекувала затоа што е мрачна и табуизирана. Не само чинот на умирање, туку и пост-фестум, отпис од регистар на живи, погребот, опелото. Сите тие драматуршки моменти, се интересни како чин. Немам јас страв од смртта."

Веста за заминувањето на Игор ни го пресече денот и срцето на пола. Додека прстите не ни се смират на тастатурата за да можеме да му се оддолжиме ко што треба, потсетуваме на неговото интервју од ноември 2013 по повод излегувањето на неговата тогаш нова книга „Смртта има коса од морска трева", кое го направи Илинка Делчева. Во него тој, како што правеше секогаш, сосема отворено зборува за интимни и болни теми.

Вистината многу пати боли. Ако вистината се прикрива, ако се пика под тепих, еден ден тепихот ќе се претвори во планина. Не можам да поднесам да се гледаме преку врв од планина од неискажани работи, ни во животот ни во уметноста.

За својата осаменост, за смртта, за насмевката на своите деца, за потребата да се биде безмилосен кон себе:

Игор: Има сè помалку зборови извадени од џигер

Една од песните кои тој ги одбра како наш DJ на неделата - „Рај" на Ролинг Стоунси.

Игор, ако си веќе таму, чувај место на шанкот.

16 декември 2014 - 12:36