Изложбата yugo.logo во Скопје
13 декември 2023
- Во четврток, 14.12, во 20 часот во горната галерија на Младинскиот културен центар ќе се отвори изложбата на графичкиот дизајнер Огнен Ранковиќ, посветена на некогашните логоа на југословенските претпријатија и институции. Претходно изложбата беше поставена во Europe House во Битола.
- Изложбата брои 460 дела во мал формат. Авторот ги има дигитализирано и архивирано овие знаци за тие да послужат како инспирација на новите генерации но и за да им се оддаде заслужената почит на пионерите на дизајнот на овие простори.
- Подетално за Ранковиќ и југо.лого види претходно во статијата „Српскиот уметник кој ги спасува старите југословенски логоа од заборав“.