- Несекојдневен музички настан организиран од Амбасадата на Република Полска, по повод Денот на Уставот, којшто ќе се случи на 11 мај (сабота) со почеток во 12 часот .
- Во Градскиот парк, на „Школка“, македонскиот пијанист Дино Имери ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од големиот романтичар, полскиот композитор Фредерик Шопен.
- Идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање на концерти на отворено какви што се случуваат во Полска, близу Варшава, токму кај споменикот на Шопен и неговото родно место, од страна на врвни, светски пијанисти.
- Денес, четврток 30.05. во 19 часот во Галерија Матица во чест на 82 години од раѓањето на македонскиот сликар Владимир Георгиевски (1.6.1942 – 25.5.2017), во соработка со семејството Георгиевски, ќе се отвори изложбата на триесетина досега неизложувани дела од различни фази на неговото творештвото.
- Изложбата ќе трае до 24 јуни.
- Mузика, театар, претстави и изложби ќе се случуваат во населбата Железара, на ул. Коце Металец бр. 1, во сабота 1 јуни од 18 часот.
- „Нашите неверојатни соседи се подготвуваат за да ги претворат балконите, скалите, влезовите и гаражите во живописни сцени за креативност и поврзување! Уживајте во извонредните уметнички инсталации, вклучете се во интерактивните работилници и препуштете се на вкусовите на кулинарските задоволства во нашето соседство. И погодете што? Сето тоа е БЕСПЛАТНО и секој е добредојден!“ - велат организаторите.
- Мисијата на КомшиLOOK е да се поттикне емпатија, разбирање и социјална кохезија преку моќта на уметноста и културата. Ние се стремиме да негуваме глобална заедница каде што да се биде добар сосед е синоним да се биде одговорен граѓанин и секој поединец, инспириран од креативното изразување, станува активен учесник во поттикнувањето емпатија, разбирање и социјална кохезија.
Целосната програма тука