Thug Notes

Гангста книжевен аналитичар

Не дека го препорачуваме овој начин на „скратено" читање, ама па дечково има неодолива фаца, авторитативен глас, тетоважа и златен синџир - доволно елементи за издржано прераскажување на класични литературни дела.

Thug Notes е популарна нова серија на Јутјуб, во кој типче по име Спарки Свит раскажува познати книжевни дела. Анализите му се многу подобри од школските стандарди, затоа што се зачинети со сленг и описи на ликовите како да се ваши комшии, луѓе од крв и месо, а не некакви апстрактни карактери, кои живеат само во романите. И сето тоа снимено дур ко британски лорд седи среде огромна библиотека, со задолжителната чашка коњак, и онакви старовремски вињети на шпицата, без кои кажаното одеднаш не би имало тежина.

Еве два примера - „1984" и „Големиот Гетсби". Внимание: има и бипкања за безобразните зборови. 

2 јули 2013 - 13:40