Таг: анализа

Како да убиеш милијардер: малку поинаков поглед кон „Кромид од стакло“  

Првиот дел на овој филм, преведен како „Нож в грб“ (Knives Out), беше покласична мистерија, како во детективските филмови со Еркул Поаро (овој пат персонифициран низ ликот на Беноа Бланк, кој го игра Даниел Крег). Но овој вториот, можеби филмски полош, има малку поинаков и подлабок подтекст. 

Политичките пораки на „Подобро барај го Сол“

Преводов на насловот некако не ни легнува во однос на ритмичното Бетер кол Сол (и заради римата и заради двојното значење на транскрибираното `бетер`), но без оглед, по четвртата сезона на оваа серија таа, заедно со нејзиниот наративен сиквел Брејкинг бед, се покажува како една од најдобрите телевизиски серии на сите времиња.

Врската меѓу „Денот на мрмотот“ и Чехов

Вчера (2.2) во домашни услови се случи колективно гледање на „Граундхог деј“, филмот кој имено се случува токму на втори февруари. На еден од петмината кои (колку и да звучи необично) дотогаш го немаа гледано, во моментот кога во него се цитира Чехов, му текна на расказ на овој автор, кој во некои клучни елементи асоцира на филмот.

Имате несоница? Гледајте француско првенство

Мечот Олимпик Марсеј - Генгам влезе во историјата на француската лига како еден од најздодевните по сите параметри, а стручњаците во студиото на Канал плус почнале да се прозеваат и да дремат.

И ќорав Трамп убоде анализа

По принципот дека дури и расипан часовник два пати дневно покажува точно време, Доналд Трамп изненади многумина на тема за која до пред некое време не знаеше ама баш ништо. Како што велеше тогаш, ќе научам кога ќе треба.

Кинеска vs Англиска фудбалска анализа

Во време на ајфони и ајпади кои сами ги произведуваат, како и ХД, 3Д и разни други уште помодерни технологии, Кинезите уште ја тераат по старски со маркер и лист хартија. Темата им е поразот на Кина од Австралија во Азискиот куп на нации.

Како оглупеа говорите на американските претседатели

Анализа на стотици говори на американски претседали во историјата го покажало следново: некогаш зборувале на ниво на доктори, денес нивните говори се слични на писмена од седмо одделение.

Гангста книжевен аналитичар

Не дека го препорачуваме овој начин на „скратено" читање, ама па дечково има неодолива фаца, авторитативен глас, тетоважа и златен синџир - доволно елементи за издржано прераскажување на класични литературни дела.