Архива

Како Твитер ја претвори политиката во порно

Ова е колумна во која формално со заклетва се одрекувам од Твитер за сите времиња. Ќе го задржам моето Твитер име, а се надевам и следбениците, ама од сега мојата сметка ќе ја одржува уреднички асистент. Ќе се појавувам само за да кажам убави работи околу текстови на кои им се воодушевувам, луѓе што ми се допаѓаат и музика што ја сакам.

Кога си растен на интернет коментари

Ако некогаш ви затреба пример за човек од обезбедување со бесконечни количества смиреност и пристојност тогаш го имате дечкото во жолтата маица. Ако некогаш ви затреба пример за невоспитана вошка и сеопфатна човечка беда тогаш го имате бланишраниот. Вовед во сцената: обезбедувањето не го пушта "познатиот Инстаграм модел" да влезе некаде.

Кога низ Рим ќе врвите, во фонтани да не влагате

Италијанските медиуми во последно време зборуваат за "Новите варвари" и без разлика како наликува името не станува збор за луѓе дојдени во Италија со целиот имот на грб и последните пари во џеб, туку за добро ситуирани луѓе, со неограничен капацитет тупење, непочитување и барање нешто поевтино - туристи.

Инстаграмот на американскиот грнчар

Може е стереотип, ама може и Велешани малку да олабават со здравје / фитнес / Трамп вебсајтови, и да извадат еден ваков нивен автентичен бренд, наместо како билмези да се редат пред странски новинари и да објаснуваат како направиле сајт за лажни вести затоа што морале да го прехранат семејството. Човеков се вика Крис Кејси, прави грнци и тоа го прави на Инстаграм пред речиси 65 илјади луѓе.

Вегапчиња?(??)

Ова со никого не беше зборено!

Дали е важно ако Русите го убиле Багдади?

Руската армија од 16-ти јуни е на став дека во бомбардирањето на Рака го има убиено лидерот на ИСИС и човекот што го прогласи калифатот - Абу Бакр ал Багдади. Веста уште чека потврда, а и Русите уште работат на собирање посилни докази. Во меѓувреме Форин афеарс проверува што би значело за ИСИС ако ова излезе дека е точно.

Што оригинал ти треба?

Ако во скоро време имате купено некој нов скап еркондишн, има големи шанси видеово да ви направи јанѕа. П.С. ова не важи само за клими.

Најлудиот гол на Марадона за Наполи

Против Лацио на „Сан Паоло“ во Неапол. Сезона 1984/1985.

Отвораме против Словенците, со светскиот првак на крај

Со внимание ја следевме синоќешната ждрепка за Европското првенство кое следната година ќе се игра во Хрватска. Се знае и распоредот кога ќе ги бодриме нашите ракометари.

Најубавите голови во кариерата на Лионел кој полни 30 години

Аргентинецот е роден во Розарио на 24. јуни 1987. Поминаа 13 години од неговото деби за Барселона и од тој ден до денес постигна повеќе од 500 голови. Ги издвојуваме најважните во неговата кариера.

Иднината им припаѓа на емотивните

Работните места следните децении ќе бидат оние кои бараат емоционален, а не ментален труд. Во моментов тие се потценети и недоволно платени, но наскоро работите ќе се сменат.

Пред интернет

Имаше многу работи пред интернет кои ги правевме, а сега ретко или воопшто не. Ама не е доцна. Уште има небо над нас во кое може да се загледаме, и книги на полиците кои чекаат да бидат прочитани. 

Старецот и белиот коњ

„Секое зло за добро“, вика нашиот народ. Но исто така и - „Многу арно не е на арно“. Некаде по истата патека се движи и клатното на среќата и несреќата во оваа древна кинеска приказна. 

Неврохирургот кој стана преведувач од кинески и латински

За Иан Хју Џонстон тешко ќе дознаете ако не сте баш упорни. На интернет има само една фотографија од него, а до целосни биографски податоци се доаѓа индиректно, преку текстови кои ги земат предвид сите нешта со кои се занимавал. А богами, се занимавал.