На мечот од групата на Вардар во Лига Европа синоќа падна еврогол а стрелец беше капитенот на српската репрзентација којшто му даде голчиште на Реал Сосиедад за 1-2. Бекот беше стрелец и на мечот во Скопје меѓу Вардар и Зенит а УЕФА го прогласи и за играч на неделата во Лига Европа.
Луѓето од Вардар не знаат да се пофалат ниту кога има работи за фалење па мора да дознаваме од странски медиуми кога станува збор за наш домашен стадион. После се жалат како медиумите пишувале само неубави работи.
По слабата сезона лани кога ја загуби трката за титулата во Русија, Зенит во новата сезона влезе освежен со многу нови играчи и со тренер кој им донесе нешто што им фалеше. Мирисот на Аргентина им најавува трофеи сезонава.