Таг: запросување

Запросување ал-денте

Дечково од Америка поубава вечер само на сон. Доаѓа до Рим, неговиот омилен клуб го победува можеби најтешкиот ривал во првенство, и тоа после пресврт, а пред мечот ја бара девојка му за жена и таа прифаќа. Епа уште скудетото да го прослави на свадба и Скорсезе да снима филм.

Охридски ултрас на денот

Член на навивачката група Рибари се враќа од ракометен натпревар меѓу Охрид и Прилеп. Носи со себе прстен и другари - ултраси со бакљи кои му помагаат и му олеснуваат девојка му да не се премисли. Реално нема тука кај да бега. Чаршијата е во транс.

Мајсторот ја запроси после голот, судијата го благослови со жолт картон

Едуардо Бељо е Венецуалец кој игра во Депортес Антофагаста во првенството на Чиле. На меч против Евертон (2:3) постигнал два гола а за време на прославата на едниот гол се качил на трибините и ја запросил девојка му. Судијата, според правилата му дал жолт картон а гледчите го наградиле со аплауз.

Зборувај ми за запросување девојка

Канадскиот кошаркар Алекс Џонсон ја побарал својата девојка Бреј Дорсет за време на еден ревијален меч каде после два лесни поени изглуми повреда за да клекне на колена пред неа.

Романтична прослава на гол

Сергеј Левицки од Белорусија го постигна последниот погодок за својот тим Слутск кој славеше против Неман со 4:0, а за него тој меч донесе двојно славје.