Карактерот не е судбина, па и ако некој по природa е нестрплив, импулсивен и невоздржан не значи дека му нема чаре. И не (само) затоа што мора тоа да го стори, човек може да се обучи да биде умерен за свое добро, и за добро на заедницата.
Знаете она кога на гости ќе ќе ви ги тргнат грицките за да може да вечерате, а вие наместо да се буните, се заблагодарувате? Од вакви и уште поголеми искушенија можат да ве бранат други, но со малку мотивација тоа можете да го правите и самите. Накратко - сите ние сме Одисеј.