Таг: волонтирање

Моите 14 волонтерски денови на Лезбос

Многу сакав еден ден да отидам на Лезбос, остров кој се прослави по секојдневните пристигнувања на бегалците по морски пат. Предводена од моето искуство со бегалците дома,  без грам страв каде и зошто одам, се спакував и со еден ранец, сама тргнав по патот на волонтерството.

Таму, за инает на сите политички обоени Грци си кажував дека сум од Macedonia, гордо си ја претставив својата земја и на сите им кажав дека ние барем во едно сме подобри, а тоа се вика подобра храна за бегалците. Вадејќи се дека тие имаат повеќе луѓе, од мене дознаа дека во МК за разлика од Лезбос и другите острови, мора да влезат само на Гевгелија, и затоа нека не се вадат сите оние кои не по своја вина, знаат многу малку за нашите маки. А знаат малку, токму заради нашата недоволно развиена македонска свест.

Далеку е Болоња

Болоња има еден урбан модел на соработка меѓу граѓаните и локалните власти кој полека ги освојува и другите италијански градови. Кај нас ќе дојде или никогаш или пак онака како што дојде болоњскиот процес во образованието: доцна и карикирано.