Таг: викинг

Цвета норвешкиот фудбал, во ЛШ ќе игра Викинг, во ЛЕ Динамо Загреб

По ремито 2:2 во Загреб, фудбалерите Викинг го добија Динамо со 3:1 и после пауза од 34 години ќе играат во Лигата на шампионите. Норвешкиот фудбал бележи голем пораст. Стигнаа до четвртфинале на Мундијалот, а оваа сезона за прв пат после 1999-та ќе имаат два претставника во елитата.

Луд гол на Викинг во Загреб

Викинг извади 2:2 против Динамо Загреб на гости на првиот плејоф меч од ЛШ и тоа уште во прво полувреме после негатива од 2:0. Обрнете внимание на потегов на Питер Кристијансен. Кој очекуваше ваква завршница?

Повеќе од 80.000 души во Малезија го направија исландскиот хук

Поточно 83.520 грла поставија нов рекорд на Националниот стадион во Куала Лумпур, кога пред почетокот на финалето на Малезискиот Куп меѓу Перак и Кедах го правеа легендарниот викиншки поклич кој го прославија Исланѓаните на Европското 2016 и Светското 2018.

И во Иран има викинзи

Откако Исланд го прослави војничкиот ’хук’, ова препознатливо скандирање на викинзите го направија и навивачите на Иран пред квалификацискиот меч против Кина.