Таг: турски серии

Турските серии се правени по урнек на Аристотел

Една од основните карактеристики на тн. „сапунски опери“ се неверојатните пресврти во заплетот. Неочекувана појава на некој одамна умрен лик, на таен (и често зол) близнак, изненадувачки напад на амнезија...Сите овие се стандардни наративи во ваквите серии. Евтина забава? Аристотел не мислел така.

Кисмет, грчки документарец за турски серии

Тоа што кај нас е "аман од турскиве серии" во значителен дел од светот (посебно арапскиот), му доаѓа нешто како револуционерна литература, пред се за подобрување на животот на жените.