Таг: топ 10 потези

Неповторливи и непотребни потези во фудбалот

Марадона и Кантона само и даваат насилничка димензија на оваа листа на незаборавни потези, каде Ибрахимовиќ и Роналдињо тераат по свое, а Озил мисли дека е прво одделение и дека жонглира во маало.

ТОП 10 циркуз шутеви во НБА

Регуларниот дел од НБА сезоната донесе неколку „бугарски“ шутеви кои сигурно ќе се паметат за време и после плејоф натпреварите. Кајри Ирвинг, Стеф Кари и уште осум кошаркари ги дадоа најубавите фрљотки сезонава.

Топ 10 НБА потези за 2014-та

Блокадата на Кенет Фарид со две раце, забивањето на Теренс Рос, јуначкиот шут на Винс Картер против шампионот влегоа во најтесниот избор од најдобри потези за минатата година. Првата позиција оди кај Дамиан Лилард кој со решавачки шут на 0.9 секунди до крајот му ја донесе историската 14-та победа по ред на Портланд.

НБА Топ 10 потези на вечерта

Во најдобрата кошаркарска лига на светот синоќа имаше атрактивни забивања, асистенции и банани, а дел од актерите беа Коби Брајант, Кајл Лаури, Рони Прајс, Руди Џексон и Мајлс Пламли.