По повлекувањето на Томазо Гирарди, последнопласираниот тим во Серија А вчера и официјално доби нови сопственици, предводени од Албанец со италијански пасош, Пијетро Дока. Зад новото раководство стои руско-кипарска нафтена компанија која ќе треба да ги врати долговите на Парма.