Шест сезони, 0 настапи, два црвени картони. Ова се бројките на Томазо Берни, третиот голман на Интер од 2014-та којшто заминува од клубот на 37-годишна возраст.
Сте слушнале ли за Томазо Берни? Можеби сте слушнале, ама тешко дека сте го виделе, бидејќи се работи за голман кој всушност не брани, ама зема плата. Како ли не му е дојдено преку дур? Од 2013-та нема влезено во игра.